Стојне Николова со видео преработка на позна песна од Васка Илиева

Една од нашите најпознати традиционални народни песни Песната “Крушево абер пристигна”, која е дело на легендата на македонската народна музика – Васка Илиева, доби своја преработка од пејачката Стојне Николова.

Аранжманот за преработката на песната е дело на Дамир Имери, а сценариото, режијата, директор на фотографија, специјалните видео ефекти ги изработи Даниел Јовески.

Продуцент e Бобан Мојсовски / Мојсо Продукција.

“Почитувани пријатели и фанови, чест ми е да Ви го претставам моето видео првенче за 2020. Крушево абер пристигна, маестралното дело на нашата легенда, доајенот на македонската народна музика – Васка Илиева. Песната буди силни емоции што значи маж во тело на жена бранејќи ја својата татковина. Се надевам дека ќе допре до сите Вас, како што допре до мене и целиот мој тим кој работеше на овој проект”, напиша на Фејсбук Стојне Николова.

InterServer Web Hosting and VPS