Samsung Galaxy S10 Lite: Компанијата конечно го најави новиот уред!

По долго очекување, Samsung конечно го најави Lite уредот во S10 серијата – Galaxy S10 Lite.

Благодарение на големиот, 6.7 инчен Super AMOLED Infinity-O дисплеј, S10 Lite всушност повеќе наликува на новопретставениот A71, отколку на уред од S10 серијата. Панелот е придружен од екстремно тенки рамки и селфи камера од 32 мегапиксели. 

Со цел да има пониска цена, S10 Lite има пластична конструкција. На задниот дел се наоѓа нов систем камери кој е со три сензори. Со овие сензори и LED блицот, уредот ќе нуди одлични фотографии и особено подобрени видеа. Инаку, главната камера е од 48 мегапиксели, придружена од макро камера од 5 мегапиксели и трета камера од 12 мегапиксели коај е широкоаголна. 

Samsung Galaxy S10 Lite & Note 10 Lite are official: premium features, lower prices

Последно, во внатрешноста на S10 Lite се наоѓа Snapdragon 855 со 128GB меморија и две конфигурации од 6 и 8GB RAM. Од други карактеристики вклучува Android 10, батерија од 4500 mAh и 4G LTE мрежа. 

Ќе биде достапен во црна, бела и сина боја. Неговата цена сеуште не е позната, но Samsung изјави дека дефинитивно ќе бидат “поприфатливи и наменети за поширока база на фанови”. 

Извор: gsm.mk

InterServer Web Hosting and VPS