Толку од музиката: Освалдо му се врати на фудбалот по три години

Аргентинецот Пабло Даниел Освалдо се врати од фудбалска пензија и потпиша за Банфилд. Поранешниот репрезентативец на Италија потпиша договор до крајот на сезоната, па ќе се обиде да му помогне на клубот во нивните цели.

Искусниот 33-годишен напаѓач кариерата ја прекина пред три години за да се посвети на музиката и тогашниот бенд, но сега се предомисли.

Во текот на кариерата има настапувано во многу италијански клубови, меѓу кои Фиорентина, Аталанта, Лече, Болоња, Рома, Јувентус и Интер, а покрај тоа играше уште за Еспањол, Саутемптон, Порто и Бока јуниорс.

InterServer Web Hosting and VPS