Историјата се повторува: Баерн повторно краде играч на Борусија

Новинарите од ден на ден го селат Џејдон Санчо во најголемите клубови во Европа, а сега се појави едно ново име кое би сакало да го види во своите редови.

За фантастичниот тинејџер важи констатацијата дека е еден од најдобрите играчи во Бундеслигата, а за англискиот репрезентативец владее голем интерес од татковината каде најмногу се споменуваат Челзи и Манчестер Јунајтед како следни дестинации на некогашниот член на академијата на Сити.

Меѓутоа, германските медиуми пишуваат дека во трката за неговиот потпис се вклучил и Баерн Минхен.

Општо е познато дека баварскиот гигант го купува она што е најдоброто во Бундеслигата, а често се случувало во минатото да купува играчи токму од Борусија Дортмунд.

Јасно е дека Баварците имаат финансиска моќ да си го дозволат тоа, а свесни се и за тоа дека трансферот на Санчо нема да биде поевтин од 100 милиони евра. Делува дека конечната одлука на лето ќе биде исклучиво негова, а дали сака да ја „предаде“ Борусија или да се врати во Премиер лигата и ќе се обиде да остави поголема трага, останува да се види.

InterServer Web Hosting and VPS