Словенец доби 1,7 милиони евра на лото

Речиси два милиони евра е заработката на еден Словенец кој што успеал да ја погоди добитната комбинација во првото коло од Државната лотарија.

Словенечката државна лотарија денеска објави дека во прво лото извлекување во Новата година, жител на градчето Радече ја добил премијата и освоил 1.713.577 евра.

Според Законот за игри на среќа, добивката ќе се оданочи со 15 отсто, што значи дека 257.000 евра ќе бидат уплатени на сметката на општината.

Државната лотарија објави дека добитната комбинација била: 10, 13, 17, 22, 28, 29 и 30.

InterServer Web Hosting and VPS