Ова е ќерката на Борис Новковиќ: Пејачот ја сподели првата нејзина фотографија за Нова година

Борис Новковиќ (52) лани по трет пат стана татко. После два сина кој ги добил во минатиот брак, најсекси Хрватката за 2016 година, Ирис Волф (27) во април лани му ја родила ќерката Си.
На Нова година Новковиќ објавил фотографија со 25. години помладата партнерка и осуммесечната ќерка.

„Сакаме цела година да ве осветлува љубов, бидејќи од љубовта се започнува и се’ се враќа во неа. Кога сакате безусловно тогаш ја сакате енергијата на здравје, среќа и успех засекогаш ќе сјаат на твојот пат. Среќна 2020“, порачал Новковиќ.

Тој е роден во Сараево, Босна и Херцеговина во поранешна Југославија. Борис уште во рани години покажал интерес за музиката, што не било и чудно затоа што и двата негови родители се занимавале со тоа. Мајка му била учителка по музичко, додека неговиот татко Ѓорѓе Новковиќ беше еден од водечките хрватски текстописци и музички менаџери. Тој го издаде неговиот прв албум Куда иду изгубљене дјевојке во 1986 кој се продаде до 120,000 копии, а неговиот следбеник Јачи од судбине (1987) беше дури и поуспешен. Следуваа уште два успешни албум: Док свира Радио во 1988 и Обојени снови во 1989.

InterServer Web Hosting and VPS