Мајсторијата на Кулушевски за Македонија (ФОТО+ВИДЕО)

Од вчера Дејан Кулушевски е нов играч на Јувентус, на еден од најголемите клубови во светот. Тој направи трансфер вреден 44 милиони евра. Швеѓанецот со македонски потекло, неговите потекнуваат од Охрид е уште еден фудбалски бисер кој Македонија не успеа да го наговори да игра за нашата А репрезентација, нешто слично како Никола Секулов.

Но и двајцата, и тој и Секулов, некогаш играа за Македонија, и тоа во репрезентацијата до 16 години. Пред четири години на мечот со Србија, Кулушевски постигна маестрален гол, вистинска мајсторија тоа беше, во стилот на најдобрите фудбалски ѕвезди во светот. Уште тогаш „Македонски спорт“ а и „Спортмедиа“ го најавија ова момче Македонче како идна голема ѕвезда. Да се „тепаат“ за тебе Јуве и Интер, секако дека не е мала работа.

А нам ни преостанува само да жалиме и да си замислуваме каква ние тоа македонска репрезентација ќе имавме со Кулушевски, Секулов, Елмас и останатите кои имаат по 19 – 20 години.

Можеме само да си замислуваме.Штета…

Сега ќе го гледаме во дресот на Шведска.

Мајсторијата на Кулушевски можете да ја видете од 1.30 секунда.

InterServer Web Hosting and VPS