Тајната жена со која Чендлер со месеци се гледа е 22 помлада менаџерка на таленти

LOS ANGELES, CA - SEPTEMBER 21: Actor Matthew Perry arrives at the premiere of Warner Bros. "The Invention of Lying" on September 21, 2009 in Los Angeles, California. (Photo by Jason Merritt/Getty Images)

Актерот Метју Пери (50), најпознат по улогата на Чендлер во култната серија „Пријатели“, ретко кога се појавува во јавноста, но кога ќе се појави, ги изненадува сите. Неодамна била на вечера во еден италијански ресторан во Холивуд со мистериозна бринета. Британските медиуми потврдија дека со месеци се гледа во тајност со менаџерката за таленти Моли Хурвиц, а заедно го прославиле и Божик.

– Со месеци се гледаат, се вртат во истите кругови. Таа е по потекло од Њујорк, таму го поминуваат времето заедно. Таа има многу чудна смисла за хумор што нему му одговара. Веднаш се вклопија, а Моли не ја интересира славата. Врската ја одржуваа во тајност, но нештата стануваат сè посериозни – рекол извор близок на актерот. Божик го поминале во неговиот стан заедно со пријателите па размениле и подароци.

Кога последниот пат го виделе со Моли, на вечера во италијанскиот ресторан, неговиот изглед ги загрижил обожавателите. Метју бил неизбричен, неисчешлан, во широка бела маица и со цигара во устата. Обожавателите на социјалните мрежи пишувале дека се плашат дека повторно потклекнла и дека се вратил на старите навики – алкохолот и дрогата.

Актерот никогаш не криеше дека се борел со депресијата и завиноста. Покрај тоа, заболе и од акутен панкреатис. Беше во три врски, со Јасмина Блет во 1995, Џулија Робертс од 1995 до 1996 година и потоа со Лизи Каплан од 2006 до 2012 година. По тој љубовен бродолом славниот Чендлер останал сам и не се појавувал во јавноста.

Image result for molly hurwitz instagram
InterServer Web Hosting and VPS