Вечерва ќе пукне ВЛАДИН СКАНДАЛ ОД НЕКОЛКУ МИЛИОНИ ЕВРА!

Во скандалот за кој засега неофицијални информации доаѓаат до колумнист на expres.mk се инволвирани еден висок владин функционер, едно раководно лице во државен ентитет во сопственост на владата, но и целата влада која што дозволила прекршување на правила и процедури.

Аферата е тешка повеќе милиони евра а за неа досега нема покренато никаква правна процедура ниту од соодветните владини тела ниту од обвинителството.

Во скандалот според информациите на колумнистот на expres.mk покрај кршење на македонски закони и владини процедури владата влегува во директен конфликт со една моќна и влијателна меѓународна институција чиј имиџ може да биде руиниран поради однесувањето на владини функционери.

Повеќе информации за аферата ќе бидат објавени во текот на денот на expres.mk откако ќе завршат консултациите со правни и медиумски експерти околу прашањето за објавување на информации кои се однесуваат на јавен интерес а кои вклучуваат сериозни индиции за корупција на највисоки државни претставници.

Во меѓувреме се врши и експертиза на технички информации кои индицираат огромен скандал во кој се вплеткани највисоки владини функционери. ( Vecer.mk )

InterServer Web Hosting and VPS