Eлена Миленковска 2019 ја испраќа со многу љубов: „Тоа ми е доволно за еден живот“

Македонската пејачка и учесничка во „Ѕвездите на Гранд“, Елена Миленковска дефинитивно 2019 година ќе ја памети по учеството во музичкото шоу, но и по тоа што ја пронајде љубовта на својот живот.

Имено, по завршувањето на претходната сезона на „Ѕвездите на Гранд“, Елена Миленковска започна врска со нејзиниот колега Гуте Маринковиќ, а по неколку месеци и се свршија.

Тие отогаш се неразделни, а на социјалните мрежи често објавуваат заеднички фотографии и јавно си ја покажуваат љубовта.

Тие преку „Инстаграм стори“ открија дека 2019 година ќе ја паметатат по нивното запознавање и љубов, па за крајот на годината си споделија и емотивни пораки.

Елена објави заедничка фотографија, а во описот на истата напиша:

„Ти си тој кој што го засакав со целото мое срце и тоа ми е доволно за еден живот. А за следниот се договоривме“ напиша Миленковкса.

Од друга страна, Гуте на социјалните мрежи напиша:

„Ти – кога човек работи на себе и ги решава своите препреки на најдобар можен начин, му се отвараат многубројни врати. Се отвори и онаа најубавата врата, врата зад која стоеше ти и ме чекаше да го започне нашето патување. Те сакам“ напиша Гуте.

За потсетување, Миленковска и оваа година учествува во „Ѕвездите на Гранд“, а Гуте и е нејзина најголема поддршка, а кога се претстави во првиот круг на оваа сезона истакна дека можеби до крајот на музичкото шоу ќе се случи и свадба.

InterServer Web Hosting and VPS