Катарина Живковиќ била претепана од љубоморното момче: „Не пријавив во полиција и се каам!“

Пејачката Катарина Живковиќ откри дека била жртва на насилство пред седум години.

Катарина (30) откри дека пред неколку години била жртва на љубоморното момче кое ја претепало.

“Пред седум години, во тоа време тогашното момче ме претепа, а подоцна тој се оправда дека го сторил тоа поради љубомора. Се каам што не повикав полиција веднаш”, рече Кетрина, за „Информер“.

Пејачката откри дека не го пријавила насилникот, туку „оставила се’ да пројде“.

„Тој не претрпе никакви последици за тоа што ми го направи. Јас сè уште не можам да заборавам што ми се случи“.

Пејачката исто така рече дека „оние што урираат жена не можат да се нарекуваат мажи“ и дека сега внимателно избира партнери.

“Јас бегам од љубоморни и посесивни момци. Кога стапив во контакт со еден дечко кој подоцна ме нападна, бев неискусна и млада. Ги повикувам жените да пријават каква било форма на насилство. Никој не мора да трпи изживување.

Жените се плашат дека ќе го изгуват кровот над главата, трпат ќотек и молчат, но тоа е грешка – пријавете го насилникот “

Извор: vistina.com.mk

InterServer Web Hosting and VPS