Што се случува: Додека клиниките имаат криза за медицински сестри, Инфективна „брка„ 7 сестри одеднаш !?

Додека младите континуирано ја напуштаат Македонија за една подобра плата и подобар живот во странство, Владата во заминување сеуште не превзема ништо за да го спречи нивното заминување, пишува Журнал.

Вистина е дека последно време институциите во земјата, особено здравствените, се во криза на здравствени службеници, но сепак, клиниките не примаат нови екипи на медицински сестри.

Како што дознава Журнал, на Инфективната Клиника на Клиничкиот Центар „Мајка Тереза„, од денес нема да работат вкупно 7 медицински сестри затоа што не им е продолжен договорот за работа додека иститите чекале и решение за работа.

Оваа екипа од седум медицински сестри се примени пред околу 6 месеци во Инфективната Клиника. Првиот месец работеле без пари, а потоа, после нивната пресија, едвај им се понудило договор во рок од 6 месеци, односно до денеска, 31.12.2019. А сега што им завршува договорот, на истите не им е понудено решение, а ни барем помалку, повторно договор за работа, но истите, директорката на оваа Клиника се труди „да ги лаже„ да работат повторно без пари само за еден месец, а потоа, како што велат сите директори, „ќе видиме„.

Имајќи предвид дека на трети јануари ќе се формира техничката влада и истата ќе функсионира само 3 месеци, односно до 12 април, тогаш кога се предвидени предвремените парламентарни избори, до тогаш оваа влада не смее да направи било какви вработувања или давање решениа за работа, така што, овие медицински сестри нема да можат да потпишат договор најрано до мај месец, додека се формира новата Влада. Но, како што се гледа, директорката се труди да ги „манипулира„ со само еден месец, а потоа да „ги користи„ до после избори.

Еден од нив веќе две години работел на интензивната соба на Инфективна Клиника со договор на дело, и исто толку време чека решение, а на крај да добие само понуда да работи без пари. Истиот се откажал и одма во тој момент изреволтиран ја напуштил работата.

Журнал дознава дека на Инфективната Клиника е создаден каос меѓу вработените, кои што се жалат дека има недостаток на медицински тим, и другите останати сестри не можат да ги стигнат сите обврски за да можат да се грижат за сите пациенти кои што лежат на таа болница. Тие се жалат дека цело време примат нови девојки без искуство кои исто така треба да работат безплатно, но исто така губат време додека ги учат што и како да работат, за на крај повторно да донесат нови.

Сеуште не се знае зошто директорката на Инфективната Клиника не им ги продолжува договорите на тие медицински сестри додека сеуште има рок до 3ти јануари, туку бара да работат безплатно.

Новинската Агенција Журнал се потруди да стапи во контакт со директорката на овој Клинички Центар за да дознае кои се причините, но за жал никој не се јави.

Од другата страна, на министерот за здравство Венко Филипче како што се гледа „му боли„ тоа што стотици млади доктори и медицински сестри ја напуштаат земјата за подобра плата и подобар живот во странство, а вели дека тоа не е вистина.

Едно е сигурно дека пред неколку години, граѓаните ги молеа институциите за едно работно место, а сега е наопаку, институциите ги молат младите да работат, но како што одат работите, нема да остане ниту еден млад во земјата а институциите ќе имаат криза на работници./Журнал

InterServer Web Hosting and VPS