21 сообраќајка во Скопје, „пајакот“ крена 32 возила

Скопје, 31 декември- Едно лице се здобило со тешки телесни повреди во една од вкупно 21 сообраќајна незгода случени во текот на изминатиот ден на подрачјето на СВР Скопје.

Во девет сообраќајки со полесни повреди се здобиле 14 лица, а во 11 била причинета материјална штета.
Од СВР Скопје информираат дека од сообраќај бил исклучен еден возач пред да се стекне со право на управување моторно возило.

Со специјалното возило „пајак“ биле подигнати 32 возила.

InterServer Web Hosting and VPS