Алиоски е лев бек, а за две ипол години стигна до топ десет стрелци на Лидс деценијава (ФОТО)

Македонскиот репрезентативен лев бек, Езгјан Алиоски во јули 2017 година се пресели од Лугано во англиски Лидс и за овој период веќе надмина 100 меча во дресот на некогашниот англиски шампион, со кој сезонава е на вистински пат по деценија ипол повторно да биде дел од најатрактивното првенство на светот, Премиерлигата.

И ништо не би било чудно за Алиоски, кој е стандарден кај Марсело Биелса, освен фактот дека иако игра како лев бек во изминативе година и половина, тој успеа да биде меѓу десетте најдобри стрелци на Лидс во оваа деценија. Навивачите на Лидс веќе пресметаа кој е најдобриот голгетер од 2010 година наваму, а Алиоски за две ипол години стигна до деветтото место со 18 погодоци во дресот на Лидс.

Само уште еден доказ дека македонскиот репрезентативец и тоа како е важна алка во Лидс, но и фактот дека секојпат од втор план, знае да се уфрли во напад, а Биелса знае тоа одлично да го искористи.

InterServer Web Hosting and VPS