Царовска: ВМРО-ДПМНЕ е неконструктивно и се обидува да го прекрши уставот

Очекував дека ВМРО-ДПМНЕ ќе покаже различна слика и ќе се обиде да предложи луѓе кои се со кредибилитет и се согласно Уставот и законите во државата. Но тоа не се случи, изјави за „Утрински брифинг“, министерката за труд и социјална работа Мила Царовска.

Остануваат неконструктивни и се обидуваат да го прекршат Уставот. Тоа е едно старо ВМРО, кое што никако не може да се реформира, изјави Царовска.

Според неа, за прв пат Македонија вложува во добро организирани тренинзи за ИТ, кои се добро платени работни места.

-Атрактивни се за младите и догодина ќе ги видиме ефектите од тренинзите кои што директно ќе ги апсорбира пазарот на труд, изјави Царовска.

InterServer Web Hosting and VPS