Јелена Карлеуша откри што мисли за Мартинијан Кириловски: „Тој е наследник на Тоше, но на свој оригинален начин“

Мартинијан Кириловски дефинитивно 2019 година ќе ја памети по неговиот успех во регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“ каде што остави силен впечаток.

Имено, претходната година, Мартинијан под менторство на Јелена Карпеуша успеа да стигне до финалето на шуото.

По завршувањето на истото, Мартинијан продолжи да ниже успеси на професионално поле, односно се повеќе настапува во Македонија, а неодамна ја издаде и својата прва песна за „Гранд“, „Пола света“.

Неговиот ментор, Јелена во интервју за „Лутајуча камера“ откри што мисли за Мартинијан и дали би снимила дует со него.

„Од мене може да ја очекуваат мојата поддршка. Што се однесува на Мартинијан, кога би имале одлична песна, со задоволство би снимила дует. Мислам дека тој е прекрасен, посебен, наследник на Тоше Проески во Македонија, но на свој оригинален начин“ истакна Карлеуша.

Дали можеби ќе се појави песна, па Мартинијан и Карлеуша ќе ги врсктат гласовите останува да видиме.

InterServer Web Hosting and VPS