По повод празниците албански емигранти од Грција и Италија масовно прстигнаа во родниот крај

Најмалку 250.000 лица и 70.000 возила влегле во Албанија во текот на изминатата недела преку граничните премини Капштица и Какавија, на албанско – грчката граница.

Станува збор главно за албански емигранти кои живеат и работат во Грција, а по традиција божиќните и новогодишните празници ги минуваат во родниот крај.

Со цел да се избегнат долгите редици, граничната полиција применува олеснителни гранични контроли.

Граничната полиција информираше дека во исто време се засилени контролите во втората линија за излез, со цел да се спречат потенцијалните обиди за трговија со дрога,профитирајќи од зголемената фрекфенција.

Зголемен е бројот на патроли и на зелената граница во соработка со припадниците на граничната агенција на Европската унија – Фронтекс и грчката гранична полиција, со цел да се контролира границата за да се спречи било каков обид за недозволена трговија.

Во исто време голем број албански емигранти од Италија со траекти пристигнале во Драч и Валона

Одговорните наведуваат дека забележан е три до четирипати зголемен број на траектите кои сообраќаат на релација Италија – Албанија, споредено со обичните денови.

InterServer Web Hosting and VPS