Лиз Харли позираше со својот син и ги изненади сите со нивната сличност

Актерката и моделот Елизабет Харли и нејзиниот син Дамиан Харли, ги изненадија фановите со фотографија на која изгледаат скоро идентично.

Седумнаесет-годишниот Дамиан го честиташе Божиќ на своите пријатели на Инстаграм, каде објави фотографија со славната мајка. „Среќен Божиќ“, напиша синот на славната Британка на Инстаграм, каде го следат повеќе од 50 илјади луѓе.

„Личите како јајце на јајце“, беше само дел од бројните комплиментите.

Елизабет Харли (54) често објавува разголени фотографии на Инстаграм и луѓето редовно се чудат колку добро изгледа. Минатата година призна дека за некои фотографии кои ги објавува на Инстаграм, му позира на синот.

InterServer Web Hosting and VPS