Четири лица лесно повредени во сообраќајки

Скопје, 27 декември- Четири лица се здобиле со лесни телесни повреди во две сообраќајни незгоди од вкупно шест што се случиле изминатото деноноќие на подрачјето на Град Скопје. Во четири сообраќајни незгоди е причинета материјална штета.

Според податоците на СВР Скопје, полицијата од сообраќај исклучила четворица возачи кои управувале возило под дејство на алкохол.

Со специјалното возило пајак подигнати се 81 возило.

Казнети се и 21 пешаци кои поминале коловоз вон пешачки премин, четворица пешаци кои поминале коловоз на црвено светло, тројца возачи кои поминале крстосница на црвено светло и двајца возачи кои не дале првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин.

InterServer Web Hosting and VPS