Облачно и постудено

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно и постудено со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер.

Утринската температура ќе се движи од минус пет до четири, а дневната од нула до 10 Целзиусови степени.

Во Скопје, променливо облачно и постудено со сончеви периоди . Ќе дува умерен северозападен ветер. Дневните температури ќе бидат во Скопје 6, Маврово 0, Крива Паланка и Берово 3, Охрид 5, Битола 4, Кавадарци 7, Дојран 10 степени.

Следува период на променливо облачно и сѐ постудено време со сончеви периоди. Ќе дува умерен, за време на викендот повремено силен северозападен ветер. Во северните делови на повисоките места и на планините ќе има услови за повремен снег, a во сабота повремен снег ќе има и во пониските места.

InterServer Web Hosting and VPS