Советниците утре на седница ќе расправаат за буџетот за 2020 година

Советот на Општина Куманово утре ќе одржи редовна седница, последна за 2019 година. на дневен ред се 35 точки. Најзначајна е 28. точка, донесување на буџетот на Општина Куманово  за 2010 година.

Дневен ред

1.    Годишна програма за 2020 година на Фондација за култура и спорт „Куманово“ – Куманово;

2.    Програма за работа на ЈП „Водовод“ – Куманово за 2020 година;

3.    Програма за одржување јавна чистота на јавни сообраќајни површини во Куманово за 2020 година;

4.    Програма за уредување и одржување на градско зеленило во Куманово за 2020 година;

5.    Оперативна програма за собирање и транспортирање на комунален отпад на подрачјето општина Куманово во 2020 година;

6.   Програма за зимско одржување на јавни сообраќајни површини во Куманово за 2020 година;

7.    Програма за работа на ЈП „Куманово – паркинг“ – Куманово за 2020 година;

8.   Програма за повластено користење на паркинг услуги на јавните паркиралишта и јавните површини наменети за паркирање со кои стопанисува ЈП „Куманово – паркинг“ – Куманово од страна на лица со посебни потреби за 2020 година;

 9.  Работна програма за 2020 година на ЈП „Куманово – гас“ – Куманово;

10.  Програма за работа на ЈП „Пазаришта“ – Куманово за 2020 година;

11.  Предлог – Решение за давање согласност на Одлуката за измена и дополна на Ценовникот на услуги на ЈП „Пазаришта“ – Куманово;

12.   Предлог – Решение за давање согласност на пречистениот текст на Ценовникот на услуги на ЈП „Пазаришта“ – Куманово;

13.   Предлог – Програма на културни манифестации на Општина Куманово за 2020 година;

14.    Предлог – Правилник за начин на распределба на средства за реализација на Програма за развој на спортот и рекреативните активности на граѓаните во Општина Куманово за 2020 година;

15.    Предлог – Програма за развој на спортот и рекреативни активности на граѓаните во Општина Куманово за 2020 година;

16.    Предлог – Програма за спроведување на општите мерки за заштита на населението од заразни болести во 2020 година;

17.    Предлог – Одлука за спроведување на мерки за субвенционирање на трошоци за комунални услуги за 2020 година;

18.    Предлог – Одлука за утврдување на право на користење и на критериуми за доделување на средства во вид на еднократна парична помош и помош во натура за 2020 година;

19.    Предлог – Програма за социјална заштита на Општина Куманово за 2020 година;

20.    Предлог – План на програми за развој на Општина Куманово за 2020 година;

21.   Предлог – Програма за уредување на градежно земјиште, изградба и одржување на комунална инфраструктура на град Куманово за 2020 година;

22.Предлог – Програма за изградба, реконструкција, одржување и заштита на локалните патишта и улици во Општината Куманово за 2020 година;

23.  Предлог – Програма на активности од областа на заштита на животната средина и природата на Општина Куманово за 2020 година;

24.    Предлог – Програма за субвенционирање на граѓани за приклучок на гасификациона мрежа на подрачје на Општина Куманово за 2020 година;

25. Стратегија за локален економски развој на Општина Куманово за периодот 2020 – 2024 година;

26.    План за акција за имплементација на Стратегијата за локален економски развој на Општина Куманово за периодот 2020 – 2024 година;

27.    Предлог – Програма за меѓународна соработка и евроинтеграции на Општина Куманово за 2020 година;

28.    Предлог – Буџет на Општината Куманово за 2020 година;

29.    Предлог – Одлука за извршување на Буџетот на Општината Куманово за 2020 година;

30.    Предлог – Одлука за утврдување на вредноста на бодот за платите на државни службеници за 2020 година;

31.    Предлог – Одлука за утврдување на висина на благајнички максимум за готовинско плаќање од Буџетот на Општината Куманово за 2020 година;

32.    Предлог – Одлука за давање на трајно користење на движни ствари – сопственост на Општина Куманово на ЈП „Чистота и зеленило“ – Куманово;

33.    Предлог – Одлука за изменување на Одлуката за давање на трајно користење на движни ствари – сопственост на Општина Куманово на ЈП „Куманово – план“ – Куманово;

34.    Предлог – Одлука за воспоставување на меѓуопштинска соработка меѓу Општина Куманово и Општина Старо Нагоричане;

35.    Предлог – Одлука за давање согласност за обезбедени финансиски средства од Буџетот на Општината Куманово за 2020 година за ангажирање на 25 (дваесет и пет) работници преку агенција за привремени вработувања во Општина Куманово;

36.Предлог – Решение за формирање на Комисија за изготвување на Предлог – Програма за работа на Советот на Општината Куманово за 2020 година.

InterServer Web Hosting and VPS