ЈП „Улици и патишта” санираа ударни дупки и работеа на реконструкција на коловозите

Центарот за управување и контрола на сообраќајот на Град Скопје известува дека екипите на ЈП „Улици и патишта”, во изминатиов период санираа ударни дупки и работеа на реконструкција на оштетувања на коловоз на скопските улици, поставени беа заштитни столбчиња и заменета оштетена ограда, санирани шахти, реконструирани рабници и тротоари како и велосипедски патеки.

Поставени се нови и заменети оштетени столбчиња на улицата Свети Кирил и Методиј и на улицата Самоилова на скопското Кале, санирани се ударни дупки долж булеварот Александар Македонски, како и на улици во Општина Бутел, населба Автокоманда и на улици кон населба Драчево, реконструирана е вело-патеката долж булевар ВМРО, кај поранешна Агромеханика, санирана е заштитната ограда на бул. Митрополит Теодосиј Гологанов кај Католичка црква. Санирани се шахти како и прекопи на бул. Партизански одреди на к-цата со ул. Никола Парапунов во блзина на мостот Обединети Нации, како и на бул АСНОМ во Аеродром, а екипите работат и на поставување на нова вертикална и контрола на веќе постоечката сигнализација и бележење на хоризонталната сообраќајна сигнализација.

ЦУКС апелира до сите учесници во сообраќајот да возат внимателно и да ја почитуваат поставената вертикална и хоризонтална сообраќајна сигнализација, прилагодувајќи ја својата брзина на движење според условите на патот.

InterServer Web Hosting and VPS