МНР: Изјавата на почесниот конзул на Латвија е груба лага

Од МНР реагираат на изјавата на почесниот конзул на Латвија, бизнисменот Зоран Митровски,на рочиште за „Рекет“,  и ја оквалификуваа како груба лага.

Во реакцијата се посочува дека со поранешниот нерезидентен амбасадор на Латвија за земјава Албертс Сарканис, министерот Димитров имал многу кус, сосем неформален разговор за време на дипломатски коктел,на кој не станало збор за аферата „Рекет“ .

„ Точно е дека амбасадорот во тој неформален разговор го спомнал почесниот конзул на Латвија, бизнисменот Зоран Митровски, но само за да се пожали дека тој во медиумите бил спомнуван како осомничен во отворена истрага, додека темата „Рекет” никогаш не е спомната“, се наведува во соопштението.

Подоцна, согласно протоколот, кабинетот на Димитров побарал средба со почесниот конзул за да се добијат дополнителни информации, но токму конзулот Митровски немал интерес за официјална средба и никогаш не дошол на состанок, се додава во соопштението

InterServer Web Hosting and VPS