Бубевски: СЈО го држат во некаква вештачка кома

Но, и разбирливо е сето ова, затоа што и законодавецот и општеството во овој момент Специјалното Јавно Обвинителство го држат во некаква вештачка кома.

– Законодавецот и општеството во овој момент СЈО го држат во некаква вештачка кома, истакна јавниот специјален обвинител Гаврил Бубевски денеска одговарајќи на новинарско прашање во врска анкетата на М Проспект чии резултати покажуваат пад на довербата на јавноста кон Специјалното Јавно Обвинителство.

Тој рече дека не постои некој драстичен пад споредено со претходната анкета.

-Но, и разбирливо е сето ова, затоа што и законодавецот и општеството во овој момент Специјалното Јавно Обвинителство го држат во некаква вештачка кома. Со одлуката на Врховниот суд, со непостапувањето и по едно од обвиненијата во судот, се чувствува дека одлуката на Врховен си нашла свој пат и во овој момент освен судење за тие обвиненија што сме ги поднеле во рокот до 30 јуни, ние освен документација што прибираме, немаме други активности и со самото тоа нормално е луѓето да немаат доверба во нашата работа. Но, тоа многу брзо ќе се крене само да ги добиеме можностите, рече Бубевски.

InterServer Web Hosting and VPS