ВМРО-ДПМНЕ: Власта заташкува кои други функционери биле вклучени во „Рекет“

Кој од Владата му прати порака на Бојан Јовановски и во чии раце завршија милионските суми од рекетот, се прашањата за коишто се чини не смее никој да одговори, велат од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.

Според ВМРО-ДПМНЕ, власта се обидува да заташкува кои други функционери биле вклучени во криминалната мрежа за случајот „Рекет“.

„Со десетиците коруптивни и криминални случаи, Македонија стана мафијашка држава каде владеат рекетарите и криминалците. Никој не сака да живее во држава каде нема никаква сигурност, а правдата е недостижна.
Русковска одби да затропа на вратата на Илинденска иако таму се наоѓа главата на криминалниот октопод, па за да ги заштити функционерите на власт ја затвори истрагата. Пет месеци поминаа, а јавноста сеуште се прашува каде е торбата Луј Витон и службената белешка којашто требаше да ја приложи Заев“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од опозицијата порачуваат дека премиерот Зоран Заев не треба да бега од избори, туку треба да се соочи со одговорност пред граѓаните.

InterServer Web Hosting and VPS