Во Скопје вчера 11 сообраќајки, пајакот подигнал 75 возила

Скопје, 24 декември- Еден велосипедист се здобил со тешки телесни повреди, а шест лица се здобиле со лесни телесни повреди во пет сообраќајни незгоди од вкупно 11 што се случиле изминатото деноноќие на подрачјето на Град Скопје.

Во шест сообраќајни незгоди е причинета материјална штета.

Според податоците од СВР Скопје, полицијата од сообраќај исклучила двајца возачи кои управувале возило под дејство на алкохол.

Со специјалното возило „пајак“ подигнати се 75 возила.

Казнети се и 11 пешаци кои поминале коловоз вон пешачки премин, осум пешаци кои поминале коловоз на црвено светло, еден возач кој поминал крстосница на црвено светло и двајца возачи кои не дале првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин.

InterServer Web Hosting and VPS