Анчелоти за Ибра: Добредојден е, ама не да игра за Евертон

Новиот менаџер на Евертон, Карло Анчелоти ги прокоментира гласините дека Златан Ибрахимовиќ може да пристигне во „Гудисон Парк“ преку јануарскиот преоден рок.

Швеѓанецот станува слободен агент на почетокот на следниот месец, а пред само една недела, кога стана јасно дека Анчелоти ќе ја прифати понудата на „карамелите“, се шпекулираше дека Ибра може да се врати во Премиер Лигата во дресот на Евертон.

Двајцата работеа заедно со Пари Сен Жермен, останаа во пријателска врска која Италијанецот не пропушти да ја спомене.

„Златан Ибрахимовиќ е добар мој пријател. За среќа работам со многу фантастични играчи. Ибрахимовиќ го заврши својот период во САД, но не знам какви се нивните планови. Треба да го повикам. Може да го повикам. Ако сака да дојде во Ливерпул да се забавуваме е добредојден. Но не да игра“, рече Анчелоти.

InterServer Web Hosting and VPS