Макрадули: Видливи првите позитивни резултати во намалување на загадувањето на воздухот

Заменик министерот за животна средина и просторно планирање, Јани Макрадули се обрати на прес-конференција. Во продолжение ви го пренесуваме во целост неговото обраќање.

„Дозволете, во морето информации поврзани со аерозагадувањето, да укажам на неколку факти.

Борбата за здрава животна средина и чист воздух е процес, кој бара координирана и интегрирана акција од сите чинители во општеството, од системски мерки на организациско или институционално ниво, до промена на некои навики кај секој од нас лично.

Секако, ВРСМ и МЖСПП се најодговорни и не бегале никогаш од одговорноста.

Да потсетам, ова е прва Влада што не бега од темата за аерозагадување, ниту ја прикрива, туку напротив прва која презема конкретни мерки.

Факт е дека оваа година има значително намалување на бројот на денови со надминати среднодневни концентрации на РМ10.

Да укажам на некои податоци, секако нагласувам од оние мерни инструменти коишто припаѓаат на Државниот мониторинг центар и кои беа во функција.

Број на денови со среднодневни концентрации над ГВ

20152016201720182019
Центар6463445431
Гази Баба56624927
Карпош5564546024
Лисиче68627000
Миладиновци3857385731
Ректорат4769667646

Максимална среднодневна концентрација:

20152016201720182019
Центар326.5288.1352.9248124.2
Гази Баба329.7340299.4113
Карпош299335.1397.2229120.7
Лисиче446.1454.3331.844.620
Миладиновци125233.3177.9184.7156
Ректорат271.1436.6436.7283134.2

Или пак, ако зборуваме за максималната среднодневна концентрација, и покрај тоа што минатата недела имаше магла и 0 km/h ветер, немавме екстреми како 288, 329, 446 во минатото. Максималните беа 124, 120, во споредба со минатите години, кога биле и 326, 329, 340, 352 во Центар.

Дали е доволно ниско, не. Но трендот на намалување е видлив.

InterServer Web Hosting and VPS