ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ овие три години на власт нема ништо преземено за намалување на загадувањето

Македонија тоне во смог, а Зоран Заев и неговите олигарси профитираат од горењето на кокс со 18% сулфур диоксид и обоен текстил, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ три години е на власт. Три години ништо нема преземено за намалување на загадувањето. Напротив загадувањето е зголемено. Скопје е на листата најзагадени градови во светот.

Скопје со денови има покривка од смог. Градот е огромен логор, а Петре Шилегов наместо да купи 300 прочистувачи за воздух дава 100.000 евра за настап на Дино Мерлин за Нова Година.

Новогодишната вечер ќе дојде и ќе помине, а скопјани пак ќе дишат загаден воздух.

Скопје се гуши, а Шилегов се слави.

Ништо подобри не се ниту Битола, Струмица, Тетово, Куманово, Кичево и Кавадарци.

Додека олигарсите на Заев ги полнат сметките, граѓаните ги полнат болниците.

Негрижата за здравјето на граѓаните е алармантна. По падот на СДСМ следува обнова на Македонија и проекти на ВМРО-ДПМНЕ во висина од 1 милијарда евра за намалување на загадувањето за 50% во првиот мандат.

Центар за комуникации, ВМРО-ДПМНЕ

InterServer Web Hosting and VPS