Претседателот на турското Собрание во посета на земјава

Претседателот на Големото национално собрание на Република Турција, Мустафа Шентоп денеска престојува во посета на земјава.

Шенол ќе оствари тет-а-тет средба со претседателот на Собранието, Талат Џафери, а потоа заедно ќе се состанат со Пратеничката група за соработка со Парламентот на Република Турција, по што се предвидени изјави за медиуми.

Во агендата е предвидено и поздравно обраќање на претседателот Џафери на симпозиумот по повод 21 Декември – Денот на турската настава: „Изгубените вредности на турската култура на Балканот и Источна Европа“.

InterServer Web Hosting and VPS