Артета: Гвардиола не беше среќен, плачев кога се збогував со него!

Микел Артета во текот на вчерашниот ден беше претставен како менаџер на Арсенал, а покрај тоа што ја даде првата најава за тоа како ќе игра неговиот тим во интервјуто за официјалната веб страна, подоцна одработи и прес-конференција на која се обиде да долови каква била неговата разделба со Пеп Гвардиола.

Менаџерот на Сити беше првиот кој му посака среќа на својот сонародник во новата средина, иако беше јасно дека не е пресреќен од ваквото сценарио, бидејќи останува без својата „десна рака“ во доста комплициран период од сезоната. Сепак, Пеп нагласи дека ова за Микел претставува остварување на сонот, а дека нивната разделба била доста емотивна сега откри новиот менаџер на Арсенал.

– Ако претходно го почитував Пеп, после времето кое го минав со него, не можам да објаснам за колку добра личност станува збор и каков професионалец е Гвардиола. Според начинот на кој изреагира, знаев дека пати. Ова беше момент во кој му бев потребен, но исто така ја сфати и мојата страна. Не беше среќен, но ме сфати. Тој знае дека растев со него и дека имам свои амбиции. Плачев кога си заминав, тоа беше моето семејство цели три години. Имавме сон со Пеп да направиме нешто во Англија за што сите мислеа дека е невозможно и го направивме тоа на начинот на кој сакавме, – порача Артета.

InterServer Web Hosting and VPS