Сите мислеа дека ќе остарат заедно: Раскина еден од најубавите парови на светот

Ченинг Тејтум (39) и Џеси Џеј (31) повеќе не се заедно.

„Ченинг и Џеси раскинаа пред еден месец. Тие и понатаму се блиски и се добри пријатели“ вели извор за „Us weekly“.

Парот ја започна врската по два месеци откако актерот објави дека се развел по девет години брак од својата тогашна сопруга Џена Деван. Уште од првиот ден тие беа отворени да зборуваат за нивната врска, објавуваа заеднички фотографии и на социјалните мрежи си изјавуваа љубов.

ФОТО: ПРОФИМЕДИА

Нивната врска траеше повеќе од една година, а поранешната сопруга на актерот откри дека преку медиумите дознала дека Ченинг имал девојка уште додека биле во брак.

Извор: vistina.com.mk

InterServer Web Hosting and VPS