Следната недела ќе се знае името на техничкиот премиер

Името на техничкиот премиер ќе биде познато кон крајот на следната недела, откако следниот петок ќе заседава Централниот одбор на СДСМ, а претходно ќе се состане и Извршниот одбор, изјави денеска премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев. Тој одговараше на новинарско прашање по неформалната средба со пензионерите.

„Од тактички причини одлуката ја одложивме за крајот на следната недела. Ќе не разберете затоа што овде се прави договор меѓу власта и опозицијата. Ние не би сакале да истрчуваме со какви било мерки. Имаме доволно време да размислиме“, рече Заев.

Како можни технички премиери медиумите ги споменуваа министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и министерката за труд и социјала Мила Царовска.

InterServer Web Hosting and VPS