Татјана Стојановска: Ми беше срам и плачев пред моите кога ми се случи најважниот момент

Татјана Стојановска, нашата најдобра и една од најубавите ТВ презентерки беше “Мис на Македонија” во Охрид 1992 година и “Мис Планета” на изборот во Бугарија 1993 година. Така всушност и започна нејзината медиумска кариера.

Сепак, таа била многу срамежлива, па присетувајќи се на тие денови ќе каже:

Ех, што ти е судбина. Тогаш не ни бев свесна….дури и плачев пред мајка ми и татко ми во собата после изборот. Не сакав да сум Мис! Дете! Се исплашив од таа титула. Но, Господ сакал така…”

ТВ презентерката со години важи за една од најубавите, најуспешните телевизиски лица, а пред некое време за „Убавина и здравје“, Стојановска го откри својот рецепт за убавина и призна дали правела некогаш пластична операција.

– Отсекогаш сум водела сметка за изгледот и сум го негувала лицето. Со оглед на фактот што долги години работам во телевизија, а моето лице е подложено секој ден на тешка шминка, редовно го чистам и правам пилинзи, користам креми и препратати на природна база и редовно одам на козметички третмани. Сега за сега не сум направила ниту една естетска корекција, третирам природен изглед, но тоа не значи дека имам нешто против пластичните операции“, вели презентерката која своевремено беше и Мис на Македонија.

InterServer Web Hosting and VPS