Осумгодишен ЈуТјубер заработил 26 милиони долари во 2019-та година, прв е на листата на Форбс

Списанието Форбс направило листа од десет најплатени јутјубери во 2018-та година, а 8-годишниот Рајан Кајл втора година по ред е на првата позиција.

Кајл го отворил својот канал кога имал само три години, кога почнал да отпакува подароци и играчки кои ги купува и сето тоа да го снима со камера. 

Сето тоа прераснало во мини-научен експеримент, а Рајан потпишал договори со компаниите Никелодион и Хули. Оваа година заработил 26 милиони долари, што го лансирало на врвот на листата на Форбс.

На второ место е “Dude Perfect”, кој оваа година заработил 20 милиони долари. Видео снимките за овој канал ги снимаат пријателите Коби Котон, Кори Котон, Герет Хилберт, Коди Џоунс и Тајлер Тоуни, кои играат разни спортови и рушат Гинисови рекорди.

5-годишната Анастасиа Раџинскаја е на третото место со 18 милиони долари заработка и неколку договори со различни компании.

Џефри Стар води канал за шминкање, а тој оваа година заработил 17 милиони и така се пласирал на петтото место на листата на Форбс, додека веднаш зад него е Престон Арсмент со три милиони помала заработувачка и канал на кој прикажува играње на игри.

“PewDiePie” некогаш бил најплатен ЈуТјубер, но сега го зазема седмото место на оваа листа со 13 милиони. Но, голема е веројатноста дека наредната година нема да биде на неа, бидејќи на почетокот на овој месец најавил дека привремено ќе го напушти ЈуТјуб за да се одмори. Тој седмото место го дели со Маркиплијер, кој ја заработил истата сума.

На деветтото и десетото место се DanTDM i VanosGaming.

InterServer Web Hosting and VPS