Ултимативе „спортист“ -Bugatti Coupe

Голем, супер моќен, супер луксузен супер ексклузивен и со супериорни перформанси coupe со четири седишта и 1000 KS, јури со топ брзина од 380 km/h…
Покрај Chiron, што со ергеле од 1500 KS и со брзина од 420 km/h е најжешкиот сериски автомобил ова би била ултра спортски бисер.
Од секогаш Bugatti, што последните две децении е во сопственост на Volkswagen, одушевувал во светот на најмоќните и најбрзите модели, а наскоро би можел да понуди и уште еден адут.

Моделот Bugatti Veyron 16.4 пристигна 2005 година, со повеќе од 1000 KS и побрз од 400 km/h, во верзијата Super Sport со постигнати 431,1 km/h е запишан во книгата на рекорди на Гини (Guinness) како најбр легален за јавни патишта автомобил, a наследникот Bugatti Chiron со 1500 KS веќе во основната верзија постигнува топ брзина од 420 km/h.
Откако во минатата 2018 година е претставен Bugatti Divo,прикзазната на култната автомобилска марка од Франција во сопственст на Volkswagen станува се поинтересна и повозбудлива.

Атрактивното ултра спортско Coupe, (илустрациите се од Autozeitung.de) ќе биде елегантно coupe, со мотор инсталиран напреди со 4×4 погон (за разлика од концепцијата со средишно поставен агрегат во останатите модели на марката).
Подолг од пет метри ќе обезбеди доволно место за седење во четирите ниско поставени, луксузни седишта и ќе нудат ексклузивно доживување во возењето од највисоко рамниште.
Турбо бензинскиот мотор, со четири турбо полначи, со работен волумен од 8.0-литри,со 16 цилиндри поставени во конфигурација на латинската буква W, што во Chiron се навиени на 1500 KS, тука ќе биде „скротен“ на „само“ 1000 KS.
Тоа ќе му овозможи супериорни перформанси: забрзување од 0 до 100 km/h за 3,1 секунди и псотифнување на максимална брзина од 380 km/h.

Иако станува знор за ексклузивна серија предвидена е едиција знаќително поголема одошто таа на Chiron.
Имено, ќе се произведат од 500 до 800 примероци.
На пазарот би можел да се појави веќе во 2022 година, a цената ќе биде „ниска“ за стандардите на Bugatti, само еден милион евра, се разбира плус давачките.

InterServer Web Hosting and VPS