„Билд“: Меркел му објави војна на Трамп

Германската канцеларка, Ангела Меркел, одлучно реагирала на одлуката на американскиот Конгрес да усвои закон кој предвидува воведување санкции за „Северен тек 2“ . Изјавата на Меркел може да се оцени како „објава на војна“ на американскиот претседател Доналд Трамп, пишува германски „Билд“.

Меркел реагирала на одлуката на Конгресот со јасна порака, пишува „Билд“, цитирајќи ја канцеларката: „Не гледам друга можност освен да бидеме одлучни во текот на преговорите со САД дека практиката на екстериторијални санкции е неприфатлива.“

„Билд“ пишува дека Меркел нема да дозволи САД да продолжат да го поткопуваат проектот за гасоводот што таа го поддржува.

Германскиот таблоид нагласува дека, без оглед на обидите што ги презема американската страна, проектот во вредност од околу 10 милијарди евра не може да биде запрен и наскоро ќе биде завршен.

Како што се наведува во статијата, до овој момент се изградени повеќе од 2.100 километри гасовод кој минува низ Балтичкото Море, а останато е да се поврзат уште околу 300 километри цевки.

„Билд“ не ја исклучува можноста санкциите да доведат до забавување на работите зашто Русија ќе мора да бара нови специјални бродови за поставување цевки на дното на Балтичкото море.

InterServer Web Hosting and VPS