Што сè може да влијае на имунолошкиот систем?

Со веќе започнатата сезона на настинки и грипови, уште еднаш сме потсетени колку е важно да се има здрав имунолошки систем за да успешно се одбраниме од нив. Постојат повеќе чекори кои можеме да ги превземеме да го зајакнеме, а постојат и некои неочекувани работи кои влијаат на него.

1) Смеење

Старата поговорка која вели дека смеењето е најдобар лек е делумно точна – истражувањата покажуваат дека смеењето го намалува кортизолот, што го редуцира стресот, го намалува крвниот притисок, го зголемува внесот на кислород, го подобрува имунолошкиот систем и го редуцира ризикот од срцеви заболувања или мозочен удар.

2) Изложеност на пречисти опкружувања

Многу луѓе не се свесни дека одржувањето на домот премногу чист може да влијае на имунолошкиот систем. Имунолошкиот одговор на организмот се случува кога сме во контакт со микробите на кои што сме експонирани, а клучот е во експонираност на разумна количина на бактерии. Чистењето на домот со разни хемикалии со кои комплетно се уништуваат колонии на одредени бактерии може да го направи опкружувањето стерилно, а доколку не сме фреквентно експонирани на разновидни микроби, имунолошкиот систем не може да се „истренира“ како да реагира. Преголемата чистина и заштитеност не прави ранливи на напади од микроби кои живеат вон тоа чисто опкружување.

3) Живеење во рурални области

Растењето на фарма каде личноста е експонирана на поширок спектар бактерии може да биде поздраво за имунолошкиот систем, во споредба со растење во урбано опкружување.

4) Сувомеснати производи и конзервирана храна

Тие влијаат на имунолошкиот систем со тоа што содржат огромни количини натриум, што може да предизвика прекумерен имунолошки одговор. Покрај тоа, внесот на натриум т.е сол ја менува имунолошката функција на организмот преку супресирање на регулаторните Т-клетки, кои помагаат во анти-инфламаторните процеси.

5) Премногу вежбање

Недоволното вежбање го ослабува имунолошкиот систем, но тоа го прави и пречестото бидејќи се зголемува Interleukin-6, со што се забавува имунолошката функција на телото.

6) Загуба и тага

Губење на сакана личност е уништувачко искуство, а долгорочната тага може да влијае на имунолошкиот систем според студија од 2012-та.

7) Осаменост

Во студија од 2015-та било објавено дека социјалната изолација (осаменоста) е поврзана со промени во имунолошкиот систем. Било забележано дека кога партиципантите се чувствувале осамено, имале значително поголеми нивоа на хормонот норепинефрин, кој инаку се лачи кога личноста се наоѓа во животнозагрозувачка ситуација, при што ги запира функциите на имунолошкиот систем, како што е одбраната против вируси. Истовремено, се зголемува продукцијата на белите крвни клетки наречени моноцити.

8) Често пиење алкохол



Пиењето алкохол има негативен ефект на имунолошкиот систем, особено кога е претерано. Алкохолот го ослабува преку менување на балансот на нормалните микроорганизми кои живеат во здравото тело, што доведува до зголемена инфламација.

9) Пушење цигари

Не е тајна дека никотинот го уништува респираторниот систем, но истражувањата покажале дека тој може да му наштети и на имунолошкиот систем. Тоа го прави преку намалување на антителата и редукција во сигнализирањето во рецепторите на Т-клетките.

10) Одредени лекови

Одредени лекови можат негативно да влијаат на имунолошкиот систем, како оние за блокирање на киселините во стомакот, што некогаш може да предизвика преголем раст на бактериите во него, што за возврат го намалува имунитетот.

Кортикостероидите исто така влијаат на имунолошкиот систем, бидејќи со редуцирање на неговата хемиска активност стероидите ја намалуваат инфламацијата.

InterServer Web Hosting and VPS