Венгер до Артета: Ќе мораш да се справиш со тоа дека немаш искуство на такво ниво

Поранешниот долгогодишен тренер на Арсенал вели дека би го поддржал секој нов тренер на Арсенал, шпекулациите на Островот велат дека тоа ќе биде асистентот на Пеп Гвардиола во Манчестер Сити, Микел Артета.

Арсен Венгер го даде својот коментар за Микел Артета, откако извесно е дека токму Шпанецот ќе биде иден шеф на стручниот штаб на Арсенал, каде во моментов привремено решение е Фреди Љунберг, исто поранешен фудбалер на „Топчиите“.

Асистентот на Пеп Гвардиола во Манчестер Сити е близу враќање во Лондон, а Венгер тврди дека го поддржува тој потег на клубот, меѓутоа, додава дека поранешниот капитен на Арсенал ќе мора да се адаптира во брз период во неговата прва улога како шеф на стручен штаб.

„Видете, јас сум навивач на Арсенал, тоа веќе сум го кажал, а ќе го повторам и сега“ вели Венгер во интервјуто за „Скај Спортс“.

„Во моментов го поддржува и тој кој ја обавува таа функција, а тоа е Фреди Љунберг, кога би бил Артета во една таква позиција, и него би го поддржал“ додава Французинот.

„За останатото, секако дека Арсенал минута низ еден доста тежок период, со тоа најдобро е да не коментирам премногу на тоа што се случува во клубот, јас само го чувствувам тоа на своја душа како и секој навивач на тој клуб“ вели Венгер во интервјуто, меѓутоа во изјава за „АП“ испрати една доста интересна порака во поглед на искустовото на Артета.

„Тој ќе мора да се справи со фактот дека нема искуство на такво ниво“ истакна Венгер.

Венгер го ангажираше Артета во Арсенал во 2011. година, кога Шпанецот се пресели од редовите на Евертон, а за „Топчиите“ успеа да запише 149 настапи во петте сезони минати во клубот од Лондон.

InterServer Web Hosting and VPS