Aлиоски: Сонувам за ЕП 2020 со Македонија и место во Премиер Лигата со Лидс

Македонскиот репрезентативец, Езгјан Алиоски игра одлично во дресот на Лидс, а тоа го доказ за тоа е и барањето на навивачите на Лидс од пред неколку дена Алиоски да потпише доживотен договор со клубот.

Алиоски во Лидс стигна во 2017 година и веќе стигна до бројката од 100 настапи за славниот англиски клуб.

Со својот Лидс Алиоски е на добар пат да се пласира директно во Премиер лигата. Лидс во овој момент се наоѓа на втората позиција со десет бода повеќе од третопласираниот Престон и два помалку од лидерот ВБА.

Во изјава за англиските медиуми, Алиоски порача дека сонува за влегување во Премиер лигата со Лидс и пласман со Македонија на ЕП 2020.

„Би било совршено ако со Лидс обезбедам место во Премиер лигата, а со Македонија се пласирам на ЕП 2020. Тоа е мојот сон и верувам дека ќе можам да го остварам“, изјави македонскиот фудбалер.

Како „виновник“ за одличната форма Алиоски го посочи тренерот на Лидс, Марсело Биелса.

InterServer Web Hosting and VPS