Тројца скопјани уапсени за поседување марихуана

Скопје, 17 декември- На 16.12.2019 во 13.15 часот, полициски службеници од СВР Скопје на ул.„Христо Татарчев“  го лишиле од слобода О.М.(43) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Истиот ден, во 14.45 часот, полициски службеници од СВР Скопје од подрачјето на Гази Баба ги лишиле од слобода В.Д.(37) и С.И.(43), двајцата од Скопје, затоа што при извршен преглед кај В.Д. била пронајдена прашкаста материја, а кај С.И. била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

InterServer Web Hosting and VPS