Нејмар: Зошто би заминал од ПСЖ? Одиме на трофеј од ЛШ

Бразилската мега-ѕвезда Нејмар откако цело лето се обидуваше да направи камбек во Барселона, сега вели дека нема причина да го напушти Пари Сен-Жермен, потенцирајќи дека главната цел е освојување на Лигата на шампионите.

Нејмар беше повреден на стартот на сезоната, но сега се врати во одлична форма со три гола и пет асистенции во последните четири натпревари во Лига 1 и ЛШ, каде што во осминафиналето ќе се сретнат со Борусија Дортмунд. Во интервју за „Франс фудбал“, тој вели дека желбата за успеси е огромна.

„Зошто би сакал да си заминам оттука? Имам уште две години од договорот, тимот продолжува со прогресот. Мораме да останеме фокусирани и да освоиме што е можно повеќе титули. Сезонава, секако, целта е Лигата на шампионите. Мојот приоритет е ПСЖ со максимална посветеност секоја недела. Во секој меч мораме да се бориме за клубот“, изјави Нејмар.

Тој исто така тврди дека начинот на кој тој е претставен во медиумите не соодвествува со вистинскиот човек.

„Малкумина го познаваат вистинскиот Нејмар. Моите родители и моите пријатели. Тоа што го гледаат луѓето однадвор честопати е сосема поинаку, бидејќи гледаат многу малку. Вистинскиот Нејмар е многу смирен, многу среќен. Тој е некој кој ужива да биде со своето семејство и пријатели и ужива во животот. Никогаш не играм да бидам број 1, туку бидејќи го сакам фудбалот. Фудбалот ме прави среќен“, додава Бразилецот.

InterServer Web Hosting and VPS