„Њујорк тајмс“: САД тајно протерале двајца кинески дипломати осомничени за шпионажа

Американската влада тајно протерала двајца официјални претставници на кинеската Амбасада,по нивниот упад во воената база во Вирџинија, објави „Њујорк Тајмс“, повикувајќи се на неименувани извори.

Весникот наведува дека еден од двајцата кинески службеници се верува дека бил разузнавач кој работел во кинеската Амбасада.

Според весникот, кинеските службеници кои влегле во базата во Норфлок во Вирџинија оваа есен, запреле само кога противпожарни возила им го блокирале патот.

Во таа прилика, тие им рекле на стражарите дека се загубиле.

InterServer Web Hosting and VPS