Зеќири: ДУИ губи со една изборна единица, а не Албанците

Пратеникот Мухамед Зеќири направи пресметка со која покажува дека со една изборна единица не губат Албанците, туку како што вели, ДУИ.

-Со 1 ИЕ не губат Албанците, туку ДУИ! За да се уверат граѓаните дека претставниците на ДУИ по дебати лажат оти Албанците со 1 ИЕ би изгубиле дури 10 пратенички мандати, потребно е само да направат симулација на резултатите од 2016 година. Да беше тогаш Македонија 1 ИЕ, албанските партии ќе имаа 21 пратеник, наместо 20 колку што имаат во моментот.

Односно факт е дека ДУИ ќе имаше 9, а не 10 пратеници колку што има сега, додека три опозициски албански партии наместо 10 ќе имаа 12 пратеници.

Еве како ќе изгледаа резултатите во 2016 година доколку Македонија беше 1 ИЕ:

ВМРО-ДПМНЕ: 48

СДСМ: 47

ДУИ: 9

Беса: 6

АА: 3

ДПА: 3

ВМРО за Македонија: 2

Левица: 1

Трет блок: 1

Не манипулирајте со граѓаните, ако изгуби ДУИ, победуваат Албанците, напиша Зеќири на фејсбук.

InterServer Web Hosting and VPS