Фергусон со отсечно „не“ за лудата идеја на Флорентино Перез

Легендата на „црвените ѓаволи“ Алекс Фергусон, истакна дека не му се допаѓа идејата на Флорентино Перез за посебна Суперлига и смета дека англиските клубови не треба да учествуваат во неа.

Идејата ја дал претседател на Реал Мадрид, но деновиве имаше жестоки реакции на таа негова замисла.

„Сигурно дека проектот е ориентиран на собирање пари, но тоа нема да биде привлечно за клубовите од Англија. Премиерлигата е најдобрата национална лига во светот на фудбалот“.

„Зошто една англиска екипа треба да учествува во таква Суперлига? Тоа ми е незамисливо. Многу клубови со голема историја можат да исче знат доколку нивните ривали од Премиерлигата го подигнат сидрото“, рече Фергусон.

Првиот човек на клубот од Мадрид, предложи нова верзија на Суперлига, во која 20 тимови од петте најсилни лиги од стариот континент би биле поделени во две дивизии.

InterServer Web Hosting and VPS