Срби предлагаат нобеловецот Хандке да добие споменик

Семејствата на српските жртви во Косово денеска побарале од претседателот и од премиерката на Србија, Александар Вучиќ и Ана Брнабиќ, писателот Петер Хандке, годинешниот добитник на Нобеловата награда за литература, да добие улица и споменик во Белград, пренесува „Спутник“.

Тие сметаат дека Хандке заслужува една улица да го носи неговото име и државата да му изгради споменик како за борец за вистината и правдата.

Здружението наведува дека Хандке ја препознал вистината и ја осудил неправдата и дека јавно зборувал за страдањата на Србите и за злосторствата извршени над Србите во Косово.

„Затоа, апелираме до српските државници бидејќи еден ваков борец за вистината заслужува и улица и споменик во Белград“, се наведува во соопштението.

InterServer Web Hosting and VPS