14-годишниот актер е пронајден мртов во својот дом! (Видео)

Светот го вознемири смртта на младиот актер, 14-годишниот Џек Брнс кој почина на почетокот на декември, а причината сè уште не е позната. Телото на Џек го пронашле во неговиот дом во Гриноук, но полицијата смета дека не се работи за сомнителна смрт. Како што пишуваат американските медиуми, погребот на младиот актер ќе биде во вторник.

„Со голема тага јавуваме дека на 1 декември трагично нè напушти нашиот ученик Џек Брнс. Џек беше инспирација на сите со кои работеше и влезе во срцата на сите членови од нашата академија. Сите сме потполно скршени и во потрага по одговори“, стои на службената страница на академијата за танц „Elite“, во која актерот учел од 2014 година.

Младиот глумец бил познат по својата умешност во танцувањето поради што го нарекувале новиот Били Елиот. Џек станал популарен по улогата во серијата на Netflix „Outlander“, а исто така играл рагби и фудбал, а заработувал и како модел./slobodenpecat.mk

InterServer Web Hosting and VPS