Осуден од „Диво Насеље“ од затвор и пратил на Фетаи „бомби“ за „Монструм“

Осудениот во случајот „Диво Насеље” Шефќет Калачи, во јуни оваа година и испратил прислушувани материјали на обвинителката Фатиме Фетаи, поврзани со случајот „Монструм” за петкратното убиство кај Смилковско езеро. Калачи и се јавил на Фетаи и и кажал дека има 140 гига бајти прислушувани разговори кои тој ги праќал и на Ел Чека, таа му кажала тие снимки да ги испрати и до поранешното Специјално јавно обвинителство.

Калачи во јавноста е познат по тоа што застана зад објавувањето на „бомбите“ на Ел Чека. Пораката, Калачи ја испрати преку неговиот адокат, Насер Рауфи, а беше дека тој, заедно со Укшини и Зекај стојат зад објавувањето на „бомбите”.

Причината која ја навеле во пораката испратена преку адвокатот Рауфи е дека бараат да се открие вистината за Диво Насеље и да се казнат сите они кои, според нив се вмешани во овој, како што велат обвинетите, нарачан судски процес.

Калачи е познат и по тоа што со соблекување на блузата во 2017 година, го бојкотираше изрекувањето на пресудата за Диво Насеље.

Инаку, Шефќет Калачи има 38 години и е од Призрен, Косов. Осуден е на затвор од 10 години за терористичка организација и на затвор од 40 години за тероризам.

Од судот доби единствена казна затвор од 40 години и протерување засекогаш од Македонија. Завршил основно образование, невработен, женет и е татко на три деца.

Обвинителката Фетаи појасни дека меѓу снимките што и ги пратил Халачи, покрај за „Монструм”, има материјали и за други случаи што ги водеше поранешното СЈО, а сега ги води Обвинителството.

Овие снимки јавноста веќе ги има слушнато и тоа се разговорите кои ги воделе бизнисменот Орце Камчев и новинарката Оливера Трајковска за овој случај,

Фетаи на денешното рочиште за „Монструм” истакна дека сите материјали кои ги добиле во СЈО од Калачи, се предадени на Судот.

На судењето за „Монструм” се чита документацијата што е изработена од извршениот увид.

За петкратното убиство кај Смилковско езеро на 12 април 2012 година, кога беа убиени момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски, на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Езим и Хаки Азири и Сами Љута.

Врховниот суд во декември лани ги укина пресудите, ги ослободи од притвор осудените Агим Исмаиловиќ, Хаќи Азири, Сами Љута и Фејзи Азири, и им определи мерки на претпазливост. По укинувањето на пресудите, случајот „Монструм” го презеде СЈО и предметот беше вратен на повторно судење.

InterServer Web Hosting and VPS