Веинстеин и десетина жени кои го тужат постигнаа прелиминарен договор од 25 милиони долари

Филмскиот могул Харви Веинстеин постигна прелиминарна спогодба во износ од 25 милиони долари со десетина жени кои го обвинија за сексуално вознемирување, велат неговите адвокати, пренесе Би-би-си.

Околу 30 актерки и поранешни вработени ќе ја поделат исплатата од договорот. Но, сепак договорот ќе треба да го потпишат сите страни.

Веинстеин следниот месец се соочува со одделно кривично судење поради обвиненија за силување и сексуално вознемирување, што тој негира.

Холивудскиот продуцент би можел да се соочи со доживотна затворска казна ако биде осуден.

InterServer Web Hosting and VPS