Четворица повредени во несреќа кај Качанички пат

Скопје, 9 декември- Четири лица од кои две потешко се повредени во сообраќајна несреќа која се случила вчера попладне на крстосницата од бул.„Словенија“ и ул.„Качанички пат“ во Скопје.

Во несреќата учествувале „Фолксваген“ управуван од Г.А.(52) од Скопје и „Фолксваген голф“ управуван од С.М.(41) од с.Батинци, скопско.

-Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле Г.А. и Д.Х.(21), сопатничка во неговото возило, додека возачот С.М. и сопатникот во неговото возило Г.Л.(27) од Р.Албанија, се здобиле со телесни повреди, информираат од МВР.

Тие биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

InterServer Web Hosting and VPS